Мистериозно исчезна ехо апарат во болницата во Кичево: Полицијата го истражува случајот

од Илинка Илиоска
101 прегледи

Вчера во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општа болница во градот, недостига ехо апарат.

Се работи за апарат кој за време на ковид пандемијата во 2021 година во болницата бил дониран од Министерството за здравство.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.