Мит Лоуф можеби никогаш повеќе нема да запее

од Vladimir Zorba
234 прегледи

70-годишната музичка легенда Мит Лоуф најави дека можеби никогаш повеќе нема да запее или да се качи на сцената. Причината се сериите од хируршки интервенции, на кои тој мораше да се подложи, за да се отстранат проблемите со грбот и половината.

Дури и по нив, сепак болките не поминуваат, туку токму спротивното, прецизираат американските медиуми. Во моментов ситуацијата е толку тешка што мора да користи помошни средства, за да се движи низ својот дом, и не може да си легне без помош на жена си Дебора.

„Не сум пеел повеќе од една година поради болката. Кога пееш, треба да ја користиш секоја честичка од себе, а јас не можам да го направам тоа“, рече Лоуф во интервју за списанието „Ролинг Стоун“, но вети дека нема да се откажува од борбата.

„Ништо досега не ме скршило и никогаш нема да бидам срушен“, изјави за весникот ѕвездата.

Во меѓувреме, сепак, Лоуф не ги криел комплексите на својата возраст и призна дека бил сметан за престар за да оди каде и да било.

„Немам што да барам во барови и со бендови. Тие само ќе ме погледнат и ќе речат: „Кој е старецот?“ Што прави овде толку стар човек? Не, јас повеќе не припаѓам на тие места“, заклучува тој.

Слични содржини