Митева: 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија

од Nikola Popovski
120 прегледи

Имено, едно од прашањата што го разгледува ова истражување е какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија? Резултатот е следен – 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка. Воедно, власта е таа која постојано сака да споредува состојби во Македонија од  пред и потоа, па еве уште еден доказ за тоа. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти овие само 16% денес, изјави денеска на прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава дека 72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока.

-Понатаму, она што е дополнително фрапантно е што дури за 10% е падната довербата за само една година на оние граѓани кои лани сметале дека Македонија се движи во правилна насока. Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку. Со овие показатели Македонија не може да оди напред, рече Митева.

Слични содржини