Македонија е мала земја, која што геополитички не може многу да делува на овие за жал, воени состојби во Украина. Можеме да апелираме и да се надеваме ова да се заврши. Денеска баш на 9-ти мај, чувствуваме дека и Македонија не е еднаква, повторно е оспорувана, се оспорува идентитетот и јазикот. Потребно е единство, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во емисијата „24 анализа“.
Околу утрешната блокада на Собранието, Митева вели дека е јасно зошто е дојдено до таков чекор.
-Ние понудивме и дадовме рака во четири важни области и побаравме датум за предвремени парламентарни избори. Македонија тоне во се поголема криза. Оваа понуда беше одбиена во неполни половина час од СДСМ преку прес, која не ја ни одржа премиерот. Тоа што зборуваат дека единствениот проблем за немање дијалог е нашето барање за избори е токму од тоа што стравуваат. Активната блокада во Сборанието значи дека нема да ги поддржиме штетните закони во Собранието, ќе интервенираме со амандмани и ќе ги искористиме демократски алатки, информира Митева.