Додека СДС, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментирате случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата.
Митева укажа дека за се што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.
-Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија. Она што факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска, рече Митева.