Митева: Да не беше ВМРО-ДПМНЕ сега уште ќе се возеа старите автобуси од пред 40 години

од Nikola Popovski
323 прегледи

Кога Шилегов се фали дека нешто набавил, нека се присети дека да не беше ВМРО-ДПМНЕ сега уште ќе се возеа старите автобуси од пред 40 години по улиците на Скопје. Градските власти од ВМРО-ДПМНЕ купија 310 автобуси за ЈСП, или 3 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека купил како возила за сите градски претпријатија, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, откако градоначалникот Петре Шилегов објави дека јавните претпријатија на Град Скопје во изминатите четири години заедно имаат набавено повеќе од 130 нови возила – механизација, целосно  со буџетски средства од Град Скопје, без донации и помош.

Според неа, во време додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Град Скопје набавени се 100 возила само за ЈП „Комунална хигиена“, во чиј состав влегуваат камиони за собирање на смет, чистење и миење на улици, и тоа е најсовремена опрема каква што имаат и големите европски метрополи.

-Во ЈП „Паркови и зеленило“, ВМРО-ДПМНЕ има набавено 10-тина возила и над 50 косилки, како и тракторска косилка и камион за пресадување на дрва која е машина каква што претходно немала Република Македонија. Десетици возила се купени и за ЈП „Градски паркинг“ и за „Дрисла“ каде се купени утоварувачи и  машини за пресирање на сметот. Ова е 4 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека го купил. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 4:1, вели Митева.

-ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси и десет нови комбиња кои пристигнуваат за две недели. ЈП Комунална хигиена набави 51 ново возило, меѓу кои 21 ново комунално возило за собирање смет, нови автоцистерни и метларки. ЈП Водовод и канализација набави 21 возило, меѓу кои две цистерни под притисок и две за вакуум, нови две теренски возила и 11 товарни возила и градежни машини. ЈП Улици и патишта набави над 14 нови возила, ЈП Паркови и зеленило набави седум нови возила. ЈП Градски паркинг има пет нови возила „пајаци“ за подигање неправилно паркирани возила и една нова машина за чистење на снег.  ЈП Дрисла ја вративме во Скопје и финансиски ја консолидиравме, меѓутоа успеавме и да набавиме нови теренски возила. Она што е нешто најдобро во комуналните возила, е новата противпожарна скала. Прво вакво возило и опрема на територија на цела држава, меѓутоа и прво возило што градот, кажа денес Шилегов.

Слични содржини