Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

од Nikola Popovski
168 прегледи

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада, истакна Марија Митева – портпарол и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што појасни пратеничката, станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение.

-Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.

Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.

Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени, истакна Митева на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини