Митева: Политички блам – лага е дека во МЕПСО се поставени синот на Иванов и сопругата на Илиевски

од Nikola Popovski
285 прегледи

Пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели дека се лага обвинувањата на СДСМ дека во МЕПСО се вработиле синот на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов и сопругата на тв водителот Богдан Илиевски.

„Секој збор искажан на пресконференциите на СДС е лага и конструкција од невидени размери. Ниту станува збор за синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација. Заврши вашето време, со тоа заврши и уништувањето на институциите.

Ниедна лага нема да ви помогне да излезете од мизерниот круг во кој се наоѓате. Каков политички блам треба да дозволиш да ти се случи за да измислуваш вакви работи. Толку разбирате како се гради кредибилитет во јавноста, залуден ви е и нов пи-ар кога матрицата е иста“, стои во објавата на Митева на социјалните мрежи.

За директор на Управниот одбор во МЕПСО е именуван Бурим Латифи кој доаѓа од редовите на коалицијата ВЛЕН. Министерството за транспорт и врски како главен акционер на МЕПСО ги именуваше и членовите на Надзорниот одбор на компанијата.

За членови на Надзорниот одбор се избрани: Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска-Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.

Во Управниот одбор, покрај Бурим Латифи, Александар Пауновски е избран за заменик-директор, а за членови се именувани Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

Слични содржини