Алијансата за Албанците одржа митинг во Дебар. Кандидатот на оваа партија за градоначалник, Арбен Аголи ја истакна итната потреба од доволно вода за пиење. Аголи исто така додаде дека во неговата програма има место и за дислокација на дивата депонија и модернизација на процесот за рециклирање на отпадот. Меѓу проектите, Аголи ја споменаурбанизацијата на Дебар, асфалтирање на улици, нивно проширување и зголемување на зелените површини.
“Секако дека прва работа е дека треба да имаме вода. Доаѓа лето ние не можеме да се измиеме, бидејќи нема вода. Треба да ја поместам депонијата која ни боде очи кога одиме за Пешкопеја. Еднаш засекогаш тоа треба да се реши. Вака веќе не може. Пред мене е идниот градоначалник на Струга со кого ќе склучиме договор за соработка за колекторот во Струга да биде 24 часа во функција, бидејќи ако не работи тој колектор, тешко нас, Дебарското езеро го губиме засекогаш“. – изјави Арбен Аголи, кандидат на Алијанзата за албанците за Дебар