Постојат бројни митови низ целиот свет на тема фитнес и слабеење. Некои од нив не се засноваат на конкретни факти, но сепак покажуваат завидна отпорност. Всушност, тие дури и спречуваат губење на тежината.
Инструкторот за фитнес, Озгур Гунеш, пред германскиот магазин „Фокус“ зборува за трите најчести заблуди на оваа тема.
1. Јаглехидратите во вечерните часови доведуваат до зголемување на тежината
На организмот му е сеедно во кое време каква точно храна прима. За губење на тежината важно е да не јадете повеќе отколку што треба, затоа треба да бидете свесни за состојбата на сопствениот метаболизам.
2. Маснотиите доведуваат до дебелина
Секој што сака да согорува маснотии не треба да биде лишен од маснотии во својата храна. Напротив – треба да јадете доволно здрави масти. Таков е случајот со оревите и рибите, на пример. Само на овој начин може да има правилна размена на материите, што е важно ако сакате да изгубите тежина.
3. Вежби за стомак прават „плочки“
Правењето само на стомачни вежби не доведува до формирање на „плочки“ на абдоменот. Всушност, стомачните мускули ќе станат видливи едвај кога ќе се намалат вкупните масти во телото. Ваквиот резултат може да се постигне само по напорни и редовни вежби во комбинација со здрава и разумна исхрана.