Гледањето филмови, особено романтични комедии, може да ни ја поматат перцепцијата за тоа како треба да изгледа вистинската безусловна љубов.
Но, токму тие митови и погрешни претстави ни носат нереални очекувања и можат секоја врска да ја доведат до пропаст. Затоа треба да престанете да верувате во нив.
Ако се сакате, врската ќе биде лесна
Љубвота е процес, а исто така и врската и мора да се работи и вложува за таа да биде успешна. Само сакањето не е доволно, треба и да се потрудите еден за друг, да имате комуникација, да се почитувате, бидејќи во спротивно, тој однос бргу ќе се излади.
Ако некој друг ви се допадне, не го сакате партнерот
Луѓе сме, сосема е нормално и други личности да ви се привлечни, дури и кога сте во најсреќна врска. Можеби привремено ќе ви се чини дека вашата врска не е она што го сакате, па затоа треба да си дадете време да го смирите впечатокот, за да сфатите дали го сакате партнерот и продолжувате со него или треба да раскинете.
Ако ве сака, ќе ве направи среќни за што и да ви текне
Партнерот по никоја цена не смее да се откаже од своите навики, пријатели, работата… Себично е да го очекувате тоа од него. Врската се заснова на компромиси и наоѓање заеднички јазик. Колку е тој/таа тука за вас, толку треба да бидете и вие за него/неа. Некогаш преминете и преку тоа што не ги исполнува сите ваши очекувања, сепак сте во врска со човек, а не со магионичар.