Митови за сексуалните желби на мажите

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Постојат многу митови во однос на тоа што мажите сакаат од жените во сексот. Замислите често се измешани и на мажите им се лепат божем апсолутните за сите нив етикети, кои немаат ништо заедничко со реалноста.125df589611d06ac7a2ec16c9dbfa75b

Предизвикани од одреден тип мажи, предизвикани од сопствените искуства или преживувањата на блиски пријателки, жените често ги бележат мажите и веруваат во митови за нив, кои сепак не се вистинити. Кои се тие?

“Мажите се плашат од жени кои имале многу сексуални партнери”
Тоа не е точно, според повеќето мажи. Она што вистински ги плаши е зборувањето за овој факт. Ако жената се фали со своето големо искуство и детално објаснува за тоа како се здобила со него, вметнувајќи имињата на мажите со кои спиела – ова ги плаши мажите повеќе и ги тера да си поставуваат разни прашања.

“Мажите очекуваат жените да се сексуални како нив”
Апсолутен мит е дека секој човек сака да спие со жената на првата средба. Веројатно да, ако во моментов бара нешто само за да ги задоволи телесните желби.
Но секој нормален човек кој бара долготрајна и комплетна врска ќе биде подготвен да ви се додворува и почека колку што е потребно, за да се изградат односите кои една здрава врска би требало да ги има.e74d0573ccad6bc7ef110086f5b129cc

“Мажите сакаат целосно сексуално отворени жени”
Ова исто така не е точно. Не мислете дека сите мажи сакаат секс тигрица која ќе конкурира на порно актерките во животот.
Повеќето мажи едноставно бараат партнер со кој ќе ги споделат сексуалните желби и интереси. Жена која е подготвена да доживува фантазии, како своите, така и на партнерот. Се разбира, не е задолжително овие фантазии секогаш да се некакво табу. Не мислете дека кај секој маж се крие перверзник, бидејќи тоа не е точно.
Последното нешто што повеќето мажи сакаат да тераат една жена да делува против својата волја или работи кои не ѝ се допаѓаат. Сексуалните вкусови се многу и е важно само да го откриеш човекот кој ги дели твоите вкусови.

“Мажите губат интерес, ако една жена ги тера да чекаат премногу”
Овој мит е истовремено верен и неверен. Сето тоа зависи од индивидуалноста на мажот. Зависи од возраста, од искуството од очекувањата од состаноците, од она што го бара во моментов. Вистински вљубен  маж нема да се откаже толку лесно од својата сакана, без разлика дали го тера да чека или не.

Од друга страна, прекумерното чекање би го обесхрабрило речиси секој, па затоа е важно да се задржи неговиот интерес, додека не дојде моментот кога ќе бидете подготвени за следниот чекор.
769b0357b1ded911108a86efab5276e7
“Сексот за една ноќ никогаш не води до среќен крај”
Повеќето мажи не си фантазираат дека ќе ја пронајдат и ќе се оженат за истата жена штом спиеле со неа. Доста жени подлегнуваат на овие соништа. Фантазиите за совршен маж земаат врв над реалноста и затоа доаѓаат и разочарувањата.

Кај мажите е различно. Не е важно дали сте спиеле со нив на првата средба, дали сте имале секс само за една ноќ или сте го натерале да чека – ако мажот не е подготвен за долготрајна врска, тој нема да направи важен чекор.
И обратно – ако мажот е подготвен за нешто сериозно, тој би го побарал тоа од вас, без разлика дали сте спиеле инцидентно или не.

Слични содржини