Координаторот на СДСМ, Јован Митрески истакна дека кај пратениците од владеачкото мнозинство постои волја за изработка на нов Деловник за обезбедување на функционално Собрание.
-Ова што сега се случува во Собранието можам да кажам дека работите се со послабо темпо и знаете дека имаме случаи на носење на дневен ред на пленарните седница што траат два или три дена што никогаш претходно не било случај. Собранието ќе функционира и после вториот и третиот ден после усвојувањето. Сепак, оспорено е функционирањето. Предлозите кои доаѓаат од Влада за помош на граѓаните се случува да доцнат и да навлегуваме во рокови, рече Митревски од Собранието.
Тој истакна дека лидерските средби треба да одлучуваат за вакви прашања кога станува збор за европската иднина на земјава.
-Тоа барем што јас го имам како информација дека како партии сме се определиле за членство во ЕУ. Сакам да упатам повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека треба да се има во предвид што значи внесувањето на сите што побарале во Уставот. Ние сами сме им нуделе на Бугарите да бидат внесени во Уставот како два посебни народи. Тогаш не се случило тоа поради што ја знаете мантрата „две држави-еден народ“. Со внесувањето на Бугарите, го потврдуваме македонскиот идентитет, истакна Митрески пред новинарите.