Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата, вели Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
Според него, во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност.
-Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата, вели Митрески.
Тој истакна дека тоа што десет месеци го прави ВМРО-ДПМНЕ, десет месеци ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува.
-Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог-закон со мала измена, мислам или се надевам дека тоа е измена за да направат некаква разлика, а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес, оценува пратеникот.