На државата не и се потребни предвремени избори, туку нова, стабилна Влада предводена од СДСМ која ќе ги решава претстојните предизвици особено со енергетската криза и пандемијата, порача вечерва на Телевизија 24 координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
Тој истакна дека согласно роковите и актуелната ситуација, новата Влада предводена од СДСМ и новиот мандатар ќе биде формирана околу средината на месес јануари.
„Не верувам дека ќе се чека многу денови за целата процедура за новата Влада, бидејќи државата е исправено пред голем број предизвици. Петти или 10-ти јануари се работни денови кога би можеле да се поднесат во Собранието програмата и составот на нова Влада, па потоа течат рокови за закажување седница и очекувам до 18-ти јануари да има нова Влада, кажа Митрески. Ќе биде избрана новата Влада од новото мнозинство, а очекувам и новото мнозинство да расте кога ќе ја видат програмата, посочи Митрески.
Митрески порача дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата продолжуваат да шират шпекулации за нови мнозинства, за предвремени парламентарни избори, но и дека дека таквите шпекулации постојано се демантираат и изрази уверување дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ конечно ќе се откажат од блокадите на важни закони за граѓаните.