408
Предвремени парламентарни избори нема да има, парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, вели Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
– Јас уште еднаш ги повикувам сите пратеници од опозицијата којшто не се согласуваат со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да ја прекинат оваа работа што ја прават во Собранието овие два дена затоа што на крајот сето тоа што го прават е на штета на граѓаните , на штета на државата и на интересот на граѓаните.Јас не можам да зборам за епилог само можам да кажам и кажав дека ќе направиме се што е во наша можност, се што предвидува деловникот Собранието да не биде блокирано, вели Митрески.