Митрески, Ковачевски, Заев и Шеќеринска на иста маса: Зачленувањето во НАТО покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки

од Nikola Popovski
468 прегледи

На 4-годишнината од нашето зачленување во НАТО, се покажа дека сме донеле храбри и мудри одлуки во интерес на безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани, објави денеска претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Митрески објави дека имало средба и состанок на високо ниво, по повод годишнината од членството во Воената алијанса.

-Со тројцата поранешни премиери и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, која го развиори нашето знаме во седиштето на НАТО, но и со поранешни пратеници, амбасадори, носители на високи државни функции, разговаравме за придонесот што секој од нас поединечно го дал во овој процес и за патот што го изодевме за да имаме денеска безбедна држава, особено во услови воената агресија недалеку од нас, сподели собранискиот спикер.

Митрески додава дека „заедно и решително се продолжува кон остварување на визијата за европска и просперитетна иднина“.

Слични содржини