Митрески: „Лицемерите“ од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа против бранителите

од Nikola Popovski
668 прегледи

СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дека се против решавање на статусот на бранителите. Според пратеникот на најголемата опозициска партија, Јован Митрески, „ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице“. Како што вели пратеникот, неговите колеги гласале против на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието да се закаже седница за да се реши статусот на бранителите.

-Само пред неколку месеци, како тогашна опозиција, блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители. Денес истите пратеници кои тогаш носењето на други закони, пред носењето на Законот за бранители, го нарекуваа политичка шизофренија, денеска тие истите го блокираат Законот за решавање на статусот на бранители. Овие лицемери денеска гласаа против бранителите и затоа може слободно да се констатира дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што кажаа, се излажаа. Ова парламентарно мнозинство е неспособно и лицемерно, рече Митрески.

Пратеникот истакна и дека неговата партија предлага закони со кои, како што вели, ќе помогнат на граѓаните од економски аспект.

Слични содржини