Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески денеска го поздрави отфрлањето на иницијативата за задолжителен референдум за поништување на Договорот со Бугарија.
-Иницијативата за референдум е спротивна на македонскиот Устав. Очигледно е дека Мицкоски намерно ја поднел оваа иницијатива на правно неиздржан начин, со цел само да создава тензии и да го манипулира народот. Оваа иницијатива беше уште една измама на Мицкоски за спас на својата фотелја во Белиот дворец. Иницијативата само не назадува. Мицкоски е против ЕУ и НАТО и сака да се вратиме назад. Тој самиот за Договорот со Бугарија пред неколку години рече на добар бугарски јазик, го цитирам „Поткрепа се што е добро за двете части“, рече Митрески на прес-конференција во седиштетото на СДСМ.
Тој на новинарско прашање повтори дека иницијативата за референдум е противуставна.
-Ние сме изгласале закон на ратификација за Договорот со Бугарија. Таков е гласот. Не може со закон да се поништи Закон за ратификација на меѓународен договор. Владата може да го раскине само со тоа што ќе ја извести бугарската влада. Но не е целта да се раскине, туку да се скрие зад народот и затоа Мицкоски ова го прави, кажа Митрески.