Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

од Nikola Popovski
223 прегледи

Мојот јазик е македонскиот и секогаш ќе остане и за мене и за пратениците од мнозинството, порача од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Тој истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик, па дури во говорите употребуваат и бугарски зборови, и им предложи да си комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат бугарски пасоши и добро го познаваат бугарскиот јазик, за да научат еден јазик плус.

-Јас цело време зборувам на македонски јазик, заклучоците коишто ги поднесовме беа токму за заштита на македонскиот јазик и видете ја изјавата на владата ќе видите точно, а не како што греши вашиот претстедател кој не знае кога е кодифициран јазикот, им порача пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини