Митревски: Не е точно дека 30 години, граѓани поради државјанства биле оставени на милост и немилост

281 прегледи

Во своето гостување во „24 анализа“, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, посочи дека СДСМ има јасен став кога станува збор за предлог-законот за државјанство, но секако посочи, пратеничката група на владејачката партија не ја поддржува блокадата на сите закони во Собранието од страна на опозицијата.

„Станува збор за закон кој е блокиран од Левица и ВМРО ДПМНЕ. Но, јасно е дека го кажавме нашиот став по ова прашање и зошто не поднесовме амандмани. Не може да се каже дека станува збор за тоа дека луѓе  30 години не добиле државјанство и биле оставени на милост или немилост на актуелната власт. Како предлог закон за нас е неприфатлив, бидејќи никаде во светот не постои таков текст во ваквите закони. Постојат две логични опции кога станува збор за блокадата на законите во Собранието. Едната опција е договор помеѓу опозицијата да се блокира Собранието, а другото е поединечно туркање на свои интереси “, истакна Митревски.

 

Слични содржини