Митревски: Опозицијата му се заканувала на Реџепи

од Nikola Popovski
590 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски денеска информираше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ „беспотребно пумпал невистини дека има 61 пратеник“.

-Мицкоски треба да се засрами и извини на граѓаните. Ова парламентарно мнозинство само ќе расте и утре ќе соопштиме повеќе детали. Потоа јас ќе излезам со нив заедно, изјави Митревски од Собранието.

Во однос на пратеникот Кастриот Реџепи, пратеникот на СДСМ вели дека има информации дека токму пратеникот на БЕСА добивал закани од страна на опозицијата.

-Лично го познавам и знам дека тој е пратеник за европскиот пат. Лично сум немал денес контакт со него, потенцира Митревски.

Слични содржини