Пратеникот на СДСМ Јован Митрески во емисијата „200“ на телевизија Алсат, напомена дека договорот за одложување на пописот не претставуа лесно откажување од него туку самата ситуација со пандемијата и желбата да се направи успешен попис е резултат на одлагањето на статистичката операција.
-Сега ни останува да гледаме напред, да имаме релевантен попис, кој ќе даде насоки за креирање на сите политики, во земјоделството, образованието, рамномерниот економски развој и слично.Кога зборуваме за пописот, тоа не е операција за гледање на бројките низ етничка призма, какви и да бидат резултатите, нема никакви последици да има врз стекнатите права на одредена етничка заедница, рече Митрески.
Тој додаде дека пред лидерската средба премиерот имал и контакти со коалициските партнери, со лидерот на ДУИ, со лидерот на БЕСА и со некои други, на кои се информирале за очекувањата од средбата.
-Зборуваме за пописот како за статистичка операција која ќе ни даде точни податоци, зборуваме за нешто што ни треба за наредните 10 години, а сме го немале во изминатите 20,“ изјави Митревски.