ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на техничката влада откако ги изгуби изборите во 2016 година, иако таа требаше да биде само за тие избори. Добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава има институции кои можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога државата беше категоризирана како заробена, денеска е држава која може да спроведе фер, демократски и слободни избори признаени од сите, изјави координаторот на СДСМ Јован Митревски.
Тој појасни дека во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на „пржинската влада“ СДСМ спори две работи – прво спорен е начинот на кој е доставен предлогот, односно не се консултирани другите партии.
„Го спориме начинот на предлагање на ова решение со условување за предвремени избори. За укинување на техничката Влада треба согласност од сите политички партии во земјава, а не само од една партија. Предвремени избори нема да има туку редовни во 2024 година, и дотогаш има време сите партии да седнат на маса и да постигнат заеднички договор“, рече Митревски.