Ќе продолжиме да говориме без разлика на сите свирења и викања од опозицијата, колку што можат да слушнат граѓаните. Јавност ќе увиди какви манипулации се извршени. Пријавени се околу 40 пратеници за збор, кога ќе се исцрпи дискусијата тогаш ќе се гласа, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски на прес-конференција од Собранието.
Митревски информира дека има пратеници кои не се присутни поради тоа што се позитивни на Ковид-19.
Tој додаде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината и се плашат од обраќањето на премиерот Ковачевски и говороите на пратениците од владеачкото мнозинство.
-Тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците сакаа да ги пресликаат во Собранието, па им пропаднаа обидите. Затоа се нервозни. Нервозни затоа што ги лажеа граѓаните, нервозни дека граѓаните ги прочитаа. Можат да викаат и да свиркаат. Продолжуваме по европскиот пат. Гласот на македонскиот јазик нема никој да го замолкне, додаде Митревски.