Митревски: Зошто да не биде и 700 евра минимална плата, меѓутоа со методологија која ќе ја утврдиме заеднички со работодавачите

Митревски: Предлогот за 500 евра минимална плата ќе биде издржан кога сите социјални партнери ќе најдат решение

од Nikola Popovski
624 прегледи

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски оценува дека моделите на минимална плата не се единствени. Според него, сегашниот предлог-модел на ССМ за покачување на минималната плата не е соодветен и издржан.

-Предизвикува неможност на работниците да имаат повисока минимална плата заради лошо утврдените коефициенти како методологија во утврдување на минимална плата, рече Митревски на денешната свикана прес-конференција од негова страна на прашање на „Локално“.

Тој додаде дека предлогот за 500 евра минимална плата ќе биде издржан кога сите социјални партнери ќе најдат решение.

-Зошто да биде 550 евра? Зошто да не биде 650 или 700, меѓутоа со методологија која ќе ја утврдиме заеднички со работодавачите. Можете да утврдите и 1000 евра (минимална плата) ама ако работодавачите не можат да ја исплатат таа плата, тогаш ќе ги отпуштите работниците? ССМ направи катастрофа и господинот (Слободан) Трендафилов. Не сите во Сојузот бидејќи има таму претседатели кои се спротивставуваат на овој модел, но не беше прифатено нивното решение, додаде поранешниот прв синдикалец во државата.

Митревски е дециден дека претседателот на ССМ „Трендафилов се однесува катастрофално“ и е „нелигитимен“.

-Работникот губи. Затоа беше мојата порака дека Трендафилов разгорува војна меѓу синдикатите, КСС, КСОМ и ССМ. Сам единствен човек не може да води војна заедно со другите ако не биде придружуван од другите. Тој е должен да прави разговори, води преговори и заеднички да делува со останатите синдикати кои се дел во Светската и Европската федерација…, рече човекот кој не се откажува од функцијата „старо-нов“ прв човек на ССМ.

Д.Ѓ.

Слични содржини