Мицевски: Очекуваме Собранието да ги надмине „детските болести“

од Nikola Popovski
230 прегледи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва изјави дека пратениците од најголемата опозициска партија ќе продолжат со работа во Собранието како и досега.

-А тоа е да го спречиме непродуктивното и нефункционалното работење на Собранието. Очекуваме Собранието во наредниот период да ги надмине „детските болести“, а тоа е непринципиелно толкување на Деловникот и дека ќе се намалат бројните уцени на владеачкото мнозинство, затоа што видовме како заврши последната пленарна седница рече Мицевски.

Тој појасни дека не одат на координации од мај месец.

-Претходно не одевме и на почетокот на мандатот и тоа не е ништо ново. Видовме дека одењето на координации е беспредметно. Не ја гледаме потребата да присуствуваме некаде кога по завршување на координацијата, владеачкото мнозинство прави дополнителни сами координации меѓу себе и договараат што ќе се работи, рече Мицевски во Дневникот на Тв Сител и додаде:

-ВМРО-ДПМНЕ активно ќе учествува на сите седници со активна блокада на Собранието.

Слични содржини