Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од Коалицијата предводена од СДСМ, Борјанчо Мицевски, најави промени за просперитет и благосостојба на сите граѓани кои, како што истакна, ќе дојдат со животот што го носат тие како политичка опција.

– Гласот во недела е исклучително важен бидејќи на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат просперитет и благосостојба за сите граѓани. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да ги задржиме и вратиме младите тука со нас и да обезбедиме вработувања и пристојни плати за сите, рече Мицевски.
Порача граѓаните да се одлучат за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во интерес на секој граѓанин