Мицевски: Референдум во државава е баук

од Nikola Popovski

Многу внимателно разгледувавме и го осмисливме референдумското прашање. Сметавме дека најголем проблем на сето што се случува периодов и претходно, доаѓа од проблемот со Договорот со Бугарија. Ваков тип на договори, потпишуваат Влада и претседател на држава и тие се одговорни на ова и ние сакавме да го оспориме Законот за ратификација на овој договор. Повлекувајќи се врз основа на тој договор, референдумското прашање е поставено за да граѓаните да можат да гласаат за прекинување на важење на Законот на законот за ратификација на овој договор. Со самото гласање и добивање на доволен број гласови, Владата има обврска да постапи врз ставовите на граѓаните, рече координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој смета дека власта веќе ја фаќа страв.

-Штом избегаа од референдумот, се плашат од одредени работи. Господинот Џафери немаше право да си зема надлежност и обврска да толкува нешто, додаде Мицевски.

-Ние од дрвјата не ја гледаме шумата. Никој не разговара што се случи во Собранието, а тоа е одземање на правото за граѓанско изјаснување. Дека некој го одзема правото на пленумот да решава. Претседателот Џафери е прв меѓу еднаквите. ВМРО-ДПМНЕ буквално внимаваше. Не го нападна и оспори Договорот, не ја оспори преговарачката рамка. За жа, референдум во оваа држава и со оваа власт е баук. Не дозволуваат да се одржи такво граѓанско изјаснување. Убедуваат од старт како да го отфрлат, па се јавија различни интерпретатори на ваквото барање. Се лицитираше за излезност, а не се разговараше за проблематиката, рече Мицевски во емисијата „Вин-вин“.

 

Слични содржини