Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ја коментираше одлуката на пратеникот Иван Стоилковиќ да гласа против усвојувањето на Декларацијата за руската агресија врз Украина во Собранието. Според него, тоа е личен став на пратеникот.
-Стоилковиќ е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Во коалицијата имаме повеќе партии, некои присутни во Собранието. Се разбира дека имаме различни ставови за одредени теми, но заедничка е борбата против оваа влада. Нас не сврзува тоа сврзно ткиво, а околу другите прашања можеме да разговараме кога ќе бидеме владеачка партија и околу владината програма, рече Мицевски во емисијата „24 анализа“.
Покрај Стоилковиќ, против Декларацијата гласаа и пратениците на Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев.