Мицевски: За Закон по сркатена постапка може да има само амандманска расправа, не може јавна расправа

од Aleksandar Todeski
346 прегледи

Она што го зборував вчера, дека деловнички не сме спремни за амандманската расправа, се случи. Сметам дека ова е маневарска игра на претседателот на Комисијата зошто ако сакаа јавна расправа, деловникот предвидува да се случи во редовна постапка. Единствен начин за скратена постапка е амандманска расправа, рече координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Која е целта и интенцијата за секогаш да има други виновни за нивните грешки не знам, ќе ги прашате СДСМ и претседателот на Комисијата. Ако сакаа на два месеци пред избори и десет дена пред Пржинска влада, требаше да се разговара со големите чинители. Вака, сите овие работи ги сметаме за маневр и барање виновник, а за нивното ветување за една изборна единица и отворени листи да не бидат виновни. Очигледно поважно им беше други работи отколку разговарање на суштински теми. Деловнички не може да се закаже јавна расправа за скратена постапка“, истакна Мицевски.

Според опозиционерот, ќе заземат став откако ќе видат дали собранискиот спикер Талат Џафери ќе одлучи дали ќе потпише за почеток на јавната расправа.

А.Т.

Слични содржини