По последниот натпревар со Барселона, плејмејкерот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ приреди вистинско мало шоу за навивачите пред малите екрани.
Мичиќ ја урна Барселона, го донесе својот Анадолу Ефес до титулата европски шампион, откако беше прогласен за најдобар кошаркар на завршниот турнир, при што организаторот на играта на српската репрезентација знаеше тоа да го прослави на вистински начин.
Покрај Мициќ, на паркетот беше и популарниот српски актер и една од sвездите на шпанската серија „Ла каса де папел“, Дарко Периќ, а двајцата ја отпеаја позната кафеанска песна на Силвана Арменулиќ „Noćas mi srce pati“.
Официјалниот профил на Евролигата на Твитер го испрати ова со соодветен коментар:
„Глас на ангел!“.
Voice of an ANGEL!#F4GLORY pic.twitter.com/PyEG7glVfE
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 30, 2021