Мицкоски бара да се намали ДДВ за храна и парно

од Nikola Popovski
163 прегледи

Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството. Поради тоа бараме Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски исто така побара да се намали ДДВ за храна.

-Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула. ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5% И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори, наведе Мицкоски, нагласувајќи дека има пари во буџетот.