Мицкоски: Да донесеме законски измени со кои аболирани нема да се занимаваат со политика (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лидерот наопозицијата Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција повика да се направат законски измени, со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.

Тој побара и да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажал дека „правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија“.

„Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот“, вели Мицкоски.

Слични содржини