372
Не знаеме дали Реџепи е киднапиран и се држи без своја согласност. Ако е потврдено дека тој е држен против своја волја, тоа кај мене предизвикува силно чувство на гадење. Сведоци сме на една ваква циркуска претстава и жалам што народот е сведок на ова, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за медиумите, на излегување од Собранието.
Според него, „ако се потврди трговијата со пратеници, се поставува прашањето дали воопшто вреди човек да се занимава со политика во Македонија“.
Тој рече дека на овој начин се отвора простор за многу шпекулации и има многу изјави од различни извори, но дека „јаснo е дека власта се препелка во кал“.