Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека Извршниот комитет на партијата вечерва ќе расправа и ќе се произнесе по повеќе точки меѓу кои и за предлогот за референдум.
-Ќе побарам да разговараме и за палењето на возилото на пратеникот од Прилеп. Деновиве Прилеп е како Бејрут во најлошите времиња. Повторно ново возило е запалено. За предлогот за референдум, да видиме каков тип, кога би го почнале, како би го почнале, на што би се насочиле, да слушнеме членовите на ИК на партијата што мислат. Состојбата со економијата, ако ја тргнеме политиката, исто така е апокалитипчна, а доаѓа зима. За месец дена почнува учебната година, ете ја есента. Овие во Влада се однесуваат како онаа народната со штурецот. Сложена е состојбата и треба да излеземе со наша позиција по неколку прашања, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.