Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, денеска оствариле средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.
На средбата се разговарало за актуелните случувања во земјава, по што Мицкоски посочил дека С. Македонија стана земја каде навистина тешко се живее, за жал ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните.
„Македонија тоне на секое поле, а големиот степен на корупција во земјава ги коси сите меѓународни стандарди. Тој ѝ ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава“, наведе ВМРО-ДПМНЕ за средбата.
Мицкоски истотака истакнал и дека немањето на доволен број на инвестиции како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување кое стигна над 60 отсто од БДП не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина.
Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото кралство и ја дава на Македонија, како и интересот да се слушнат проблемите на граѓаните по насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање на решенија за суштински реформи.