Мицкоски до градоначалниците: Да се засукаат ракавите и да се почне со решавање на проблемите

од Берта Китинска

Се што ветивме треба да се исполни, да се засукаат ракавите што побрзо за да се почне со решавање на проблемите на граѓаните од сите населени места, општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има градоначалник, а таму каде што сме коалиција да работиме со градоначалниците од коалицијата. Без оглед што огромен број од општините се презадолжени и во голем дел од нив првичните информации сведочат за злоупотреби на ресурсите, потребен е максимален ангажман од секој градоначалник за да се реализира ветеното. Не смее да има изговор за неуспех , им наложил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки на новоизбраните градоначалници.

Според него, промените кои ќе ја донесат новата иднина треба да почнат со промени во однесувањето на луѓето кои се одговорни за општините.

Слични содржини