545
Објавена е нова снимка од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот во сличајот Рекет, Зоран Милески Кичеец.
Од снимката објавена на „Јутуб“ се потврдува дека Мицкоски и Орце Камчев имале средби и состаноци, при што Мицкоски се жали дека за некоја од средбите е сликан, имајќи го предвид фактот дека Камчев бил под ПИ мерки.
„Море човек, јас, ниту излегло од мене муабет дека ние некој пат се слушаме, ниту некаков муабет“, му вели Кичеец на Мицкоски, по што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му враќа: „Ама мене ме имаат сликано, таму кога го следеле Орце, како влегувам. Под ПИ мерки кога бил он и мене ме имаат сликано“.