Македонскиот народ е жестоко нападнат од асимилаторските потреби од страна на нашиот источен сосед, односно да бидам попрецизен – од една земја членка на Европската унија а тоа е соседна Бугарија. Ние сме партија за македонско национално единство и не смееме да избегаме од тоа, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е современа, европска партија која е ориентирана кон народот, кој гласачите и гласачите кои кажуваат дали некој треба да се отрезни или некој сѐ уште е пијан.
-Гласачите и народот се тие кои кажуваат дали се поминати црвените линии или не се поминати црвените линии. Овој пат да, морам да признаам дека во нешто се сложувам со господинот Вархеји, иако го разбирам, неговата цел не е да сочувствува со нас, неговата цел е да си ги заврши работите, а наша цел е да ги одбраниме од асимилација тие работи.Затоа, сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да го штити македонскиот идентитет бидејќи единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството. И нема цена, понатаму веќе нема цена, нема веќе политика, нема веќе поличка кариера, сега е моментот кога треба да се биде или не! Таа е состојбата, или македонскиот народ ќе опстои и ќе трае со векови и ќе го поврати изгубеното, или после овие обиди ќе биде трајно асимилиран. Тоа е битката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е задачата на ова реформирано, реструктуирано и ново ВМРО-ДПМНЕ кое е подготвено да се соочи со реалните проблеми наспроти овие криминалци во владата – рече Мицкоски.