Мицкоски: Го поправив прозорецот во собата на Инфективна, во која што лежев

од Nikola Popovski
550 прегледи

На новинарско прашање во интервјуто за емисијата „Клик плус“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го откри своето искуство во Инфективната клиника во Скопје, во која што беше хоспитализиран откако се зарази со коронавирусот.

„Го поправив прозорецот во собата 302, во која што лежев, бидејќи првите неколку вечери кога бев таму, беше премногу студено, а прозорецот не се затвораше. Мислам дека со тоа после мене сите кои беа таму, им беше пристојно потопло“, рече Мицкоски, кој додаде дека никому не му посакува да мине 12 дена како што тој поминал таму, а како човек и политичар ќе работи до максимум на тие луѓе да се чувствуваат подостоинствено.

Во текот на интервјуто, Мицкоски откри дека има ослабено 7-8 килограми, откако се заразил со Ковид-19.

 

Слични содржини