Мицкоски: Гробиштата се полни, душите празни

од Nikola Popovski
223 прегледи

„51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чија е?“, објави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во својот статус на Фејсбук дополнува дека гробиштата се полни, душите празни и дека оваа бројка ќе била помала да имало навреме вакцини.

„Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација. Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање!“, стои во објавата на лидерот на опозицијата.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.438 тестирања, а регистрирани се 1.302 нови случаи на КОВИД-19. Исто така соопштуваат дека пријавени се вкупно 51 починати лица.

Слични содржини