ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот, пишува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
– Ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата, вели тој.
Очекува веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.