Мицкоски: Каква сапуница, ова е веќе циркус

од Nikola Popovski
590 прегледи

„Ова е веќе циркус. Направија веќе циркус од државата. Заев доста е. Човекот ве гледа во очи и нема гајле. Совршено јасно дека има договор. Прво да избега, па да се врати. Обвинителството, со шлаканица за власта, вечерва недостасуваше уште да му се извинат, бидејќи тој им се извини ним“, изјави синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на прес-конференција, по појавувањето на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Тој рече дека само со „жестока јавна реакција се спречи целосно фијаско и бегство“ и дека е јасно дека имало политички договор.

„Каква сапуница. Наместо во суд, упат за куќен притвор доби од обвинителството. бегалецот доби куќен притвор, наместо ефективен притвор“, прокоментира Мицкоски.

Слични содржини