Мицкоски: Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид.

Вториот проект кој што ќе го презентираме, додаде Мицкоски, е етапното институционалното децентрализирање.

– Односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје во Охрид, посочи Мицкоски.

Слични содржини