Во 12:00 часот се очекува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ја поднесе иницијативата за Референдум во Државната изборна комисија.
-Најпрво започнува постапката за 100 квалификувани потписи, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе биде прв потпишан. Во текот на утрешниот ден и ние членовите на Извршниот комитет и пратениците секој во своите општини каде што се наоѓа на Избирачкиот список ќе ги депонираат потписите, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во изјава за дневникот на Канал 5 телевизија, по вчерашната одлука на Извршниот комитет на партијата за иницијатива за организирање на референдум за бугарскиот договор.
Според владејачката партија референдумот е од лични интерес на Мицкоски.
-Откако му потонаа сите лаги и почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и заштитен македонски идентитет Мицкоски е очаен. Се плаши од јакнењето на проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое размислува различно од Мицкоски и сака државата да продолжи напред.Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо.Истито тој Мицкоски беше и против Преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува Преспанскиот договор.Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија, велат од СДСМ.