По најавите од ВМРО-ДПМНЕ, дека претседателот на партијата, Христијан Мицкоски оди во Будимпешта на средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по што следи посета и средби во Љубљана и Загреб, изјава даде и самиот лидер на најголемата опозициска партија.
Според него, независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, тој смета дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ.
„Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. Втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ“, вели Мицкоски.