Мицкоски: Ќе си заминам од политиката доколку поминат уставните измени во Собрание

од Берта Китинска
139 прегледи

Власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но ние цениме дека е добро да има предвремени избори, исто како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои што ние го црпиме нашиот легитимитет. И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат дека владата е катастрофална, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ велат дека владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки кој што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ 2.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто се осврна на вметувањето на Бугарите во Уставото појаснувајќи дека таа одлука е погрешна.

-Владиниот врв како и Пендаровски кажаа „ние сега да го смениме Уставо па ако видиме дека барањата се тенденциозни ќе се повлечеме од маста на преговоир“, тоа така не оди, подвлекува Мицкоски додавајќи дека ќе се повлече од политиката доколку дело од неговата партија излезе и гласа за уставните измени.

-Ако тоа се случи во овој мандат и состав на владата, јас ќе заминам од политиката, бидејќи тоа значи дека добро не сум ги проценил луѓето, вели тој.