Мицкоски ќе сведочи во предметот „27 април“

од Берта Китинска

Во својство на сведок денеска  на рочиштето за „27 април“ ќе присуствува, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сведочењето на Мицкоски беше предвидено и за минатите две рочишта, но поради обврски тој не можеше да дојде. На претходдно рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Како што е соопштено, Мицкоски по завршувањето на сведочењето ќе даде  изјава за медиуми.

Слични содржини