Мицкоски ќе замине од политиката ако се обезбеди мнозинство за уставни измени

од Берта Китинска
127 прегледи

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара Владата по завршувањето на одморите да ги стави во собраниска процедура уставните измени.

Најави дека доколку успеат да соберат доволно гласови за изгласување на истите тој ќе се повлече од политиката, но во спротивно бара предвремени парламентарни избори.

-Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката, затоа што има полна доверба во сите нив, потенцираше тој.Еве денеска ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски веднаш откако парламентот, односно парламентарците ќе се вртат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.

Во однос на најавениот референдум вели дека ставот на партијата е јасен по однос на ова прашање како и дека интензивно одржува средби со коалициските партнери.